Јанчев повика на мирен протест пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ
Објавено: 28 октомври, 2020, во 08:20 часот
28.10.2020
Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е претендент за да го преземе кормилото на партијата, повикува на мирен протест на 2 ноември годинава во 12 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Протестот е со една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицкоски, пишува Јанчев на неговиот Фејсбук профил.
