Отворена изложба во Велес како дел од проектот „ Интеретничко стрип училиште“
Објавено: 6 декември, 2020, во 08:16 часот
6.12.2020
Цел на проектот е развој на Интеркултурноста како и деметрополизацијата на културата во Р.Македонија преку едукативни стрип активности наменети за млади од разни етнички и други средини.
Поради новонастанатата ситуација предизвикана од КОВИД 19 , проектот е видоизменет со тоа што млади автори од различна етничка припадност од : Велес, Скопје, Битола и Куманово он лајн ги доставија своите стрип дела, од кои повеќето се на актуелната корона состојба . Стрип делата ќе се објават на пригоден каталог откако ќе бидат презентирани и промовирани на изложби.

Прва од планираните изложби се одржа во петок, 04.12 во 19 часот во Ликовниот салон во Велес ,а наскоро вакви изложби ќе се организираат во Скопје и Битола.
– Македонската стрип сцена е побогата за неколкумина млади автори од разни средини коишто треба да го најдат своето место во стрип сцената на нашата држава, рече Ване Трајков од Стрип центарот на Македонија.

Проектот “ Стрип училиште – Стрипот во интеркултурна едукативна мисија 2020“ е финансиран од Министерството за култура на РС Македонија како дел од програмата за интердисциплинарни дејности за 2020 година.
Стоилко Андреевски


