Жена од Чашка се обидела со остар предмет да го нападне сопругот, полицијата ја лишила од слобода
Објавено на 6 ноември, 2023 во 14:42
Нападот се случил вчера,на 5 ноември, околу 15:00 часот, кога А.Ц.(23) од општина Чашка во семејниот дом, по кратка расправија, фрлала разни предмети кон нејзиниот сопруг, по што се обидела да го нападне со остар предмет.
Полициски службеници ја лишиле жената од слобода. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица и остриот предмет бил одземен.
Од СВР Велес најавија дека по документирање на случајот, против А.Ц ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк