(Фото ивидео) Kолев: Посакувам Велес да се развива и да биде пример за економија, инфраструктура, образование, спорт и култура
Во изминатите две години, го градиме Велес да биде достојно место за живеење, во кој има место за најмладите и младите, за возрасните, за ранливите, за оние со потреба и за оние со ризик, рече во своето обраќање пред присутните вчера вечер на свечената седница на Општина Велес по повод 79 годишнината на Велес, градоначалникот Марко Колев.
Колев на свеченоста, организирана на големата сцена на велешки Театар, го врачи највисокото општинско признание, наградата за животно дело на годинешната добитничка проф. д-р Елка Јачева-Улчар од Инститот за македонски јазик „Крсте Миcирков“. Признанието Јачева Улчар го доби за непроценливиот придонес во науката, афирмација на македонскиот јазик, на Велес и на Македонија, дома и надвор од државата. Јачева Улчар во емотивното обраќање пред присутните наградата ја посвети на своите родители, Вера и Ристо Јачеви, ветувајќи дека ќе го објави магистерскиот труд „Топонимија, имиња на населени места во велешко“ на велешанката Милена Николовска чиј ментор е добитничката на наградата „Гемиџии“ и ко-ментор уште една велешанка, прерано починатата, Убавка Јанчевска Гајдова.
Градоначалникот Колев и ја врачи наградата, признание „Ѓорѓи Шоптрајанов“ за нај студент на годинешната добитничка Бојана Кацарова, студентка на Факултет за медицина која ја добива по втор пат, за остварен висок просек во образовниот процес.
На свеченоста беа доделени и годинешните плакети „9 Ноември“ на добитниците „Кристал 1923“, историчарот Марин Клифов и Никола Тодоровски од компанијата „Јапоне“.
Добитници на Деветоноемвриски благодарници се Игор Мицевски Скакар, Клементина Војдиновска, Јован Јовановски, пожарникарите Димче Јованов, Кире Диковски, Александар Јолдашев, Рамадан Атилов и Роберто Шакиров, кои несебично помагаа во расчистувањето на последиците и на настраданите во земјотресот во Турција,како и Александар Игевски, Ѓоре Андовски, Сашко Иванов, Бобан Арсеновски од составот на АРМ за заштита и спасување, Трајче Малинов и фурна Гемиџии. Ним наградата им ја врачи заменик градоначалникот Коста Нојков.
Деветоноемвриска пофалница годинава добија велешаните Васил Богоeвски, Ели Апостоловска, Ерѓул Усеинов, Ања Саздова и Иле Чингаров. Нив ги врачи претседателката на Комисија за општествени дејности на Совет на Општина Велес, Менче Андреева.
Во чест на наградените концерт изведе Камерен оркестар Битола.
Убавка Јаневска
Видеa од свечоста по повод одбележувањето на 9 Ноември – Ден на град Велес: