Фатален пожар со смртни последици, штети од силен ветер – 1.670 јавувања на 112
Според извештајот на Центарот за управување со кризи имало вкупно 1.670 повици за итни случаи на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, меѓу коишто имало повици за фатален пожар во населено место, за опасни штети од силен ветар, за поплавени простории и за многу други пријави според коишто институциите од Системот за управување со кризи интервенирале на терен.
-Од вкупниот број 1.670 повици, „реални“ повици за итни случаи биле 40,36%, а 59,64% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Според распределбата, согласно природата на настаните, преку ЦУК, кон Полиција биле упатени 59,18% од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 27,55%, кон пожарникарите биле упатени 6,12%, а кон АМСМ 0,51%. Кон Центарот за управување со кризи имало 6,63% од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 59,64%, „неитни повици“ (вкупно заедно 1.009) биле предмет на примање, одговорање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.
Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека во 11:47 часот на Единствениот број за итни повици Е-112, е примена пријава за пожар во куќа во с.Рогле, во Општина Желино, по што веднаш од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Тетово од каде што добиле информација дека испратиле 3 ПП возила и 8 пожарникари на интервенција, а истовремено била известена Полициската станица ПС Групчин. Во 13:40 часот од ПС Групчин, е добиено известување дека во опожарената куќата имало и една жртва, 80-годишниот сопственик на куќата. МВР СВР Тетово испратиле екипа за да изврши увид на лице место, заедно со лекар од судска медицина.
Инаку, во 19:20 часот, екипа пожарникари од ТППЕ Тетово повторно интервенирале поради забележан чад, на истата локација, а во изминатото деноноќие имале уште една помала интервенција. Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во период од 00:25 до 01:15 часот, гаснеле две опожарени патнички моторни возила („алфа ромео“ и „мицубуши“) на ул. „Владимир Полежановски“ во Општина Центар. Интервенирале со едно ПП возило и четири пожарникари, а во изминатото деноноќие имала уште една помала интервенција.
Регионалниот ЦУК Охрид, известува пожарникарите од ТППЕ Охрид дека во изминатото деноноќие имале две помали интервенции.
И дека силниот ветар што го има зафатено регионот предизвика, бандера од далекувод опасно да се навали на самиот пат кај влезот од село Лабуништа, поточно пред поранешна локална фабрика „Алумина“. По известувањето од ЦУК, Екипите од ЕВН Македонија веднаш излегле на терен, почнале со работа, ја отстраниле опасноста и го санирале дефект за еден ден.
Дума.мк