Сончево време, попладне локално можен е дожд
Објавено: 15 септември, 2026, во 09:07 часот
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови локално се очекуваат врнежи од дожд и засилен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Наместа ќе има услови за нестабилност и невреме со пороен дожд, грмежи и со појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 9 до 18 Целзиусови степени, а максималните ќе бидат од 19 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од Скопската Котлина попладне ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и со грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Дума.мк


