Граѓански фото објектив – Најстарото велешко училиште „Св. Кирил и Методиј“
Објавено на 18 декември, 2023 во 11:36
Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ е најстарото училиште во Велес. Нашиот сограѓанин Атанас Крлевски ни испрати фотографија од училиштето и за неа рече:
„Зградата на ООУ „ Кирил и Методиј“ е прекрасна архитектонска градба од минатиот век која претставува украс на стариот дел од градот. Малку позната за пошироката јавност и нека оваа моја фотографија биде придонес за запознавање на истата од конзуматорите на Дума.мк“, додаде Крлевски.
Дума.мк ги поканува граѓаните од Свети Николе, Велес, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат наши граѓански фото репортери.
Да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија!
Дума.мк