Општина Росоман во работата ќе ја воведе алатката е-услуги

Објавено: 20 ноември, 2026, во 15:42 часот

.Општина Росоман во работата ќе ја воведе алатката е-услуги. На барање на Градоначалникот Ѓорги Крстевски, Советот на општина Росоман, ја изгласа одлуката за потпишување на договор со Министерството за дигирална трансформација. Крстевски ги потенцира потребата и предностите коишто ќе ги добијат  жителите на оваа рурална општината во Вардарски плански регион со отворање на канцеларијата за е – услуги.

-Бенефитот е исто како со Подрачна единица на земјоделие. Ќе се отвори подрачно одделение е-услуги. Тоа веќе го има во поголемите градови, ќе бидеме меѓу првите рурални општини и ќе можат граѓаните да аплицираат за оружје, за лична карта, за извод, за многу услуги кои што се користат преку оваа дигитална алатка,“ рече Крстевски.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.