ЦУК: 2.049 повици на бројот 112 во последното деноноќие и пожари на отворено, апел да не се палат разни работи и депонии на отворено
Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.049 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие. Од нив, „реални“ повици биле 36,02 %, а 63,98 % биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Инаку, согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 65,41 %, кон Итната медицинска помош 29,45%, а кон пожарникарите 3,42 % од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 1,71% од реалните. Тие повици, заедно со другите („неитни повици“) 36,28%, вкупно 1.316 заедно, биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112, во содејство со Секторот за операции и координација, секако со стандардните оперативни процедури во координација со институциите во Системот за управување со кризи (СУК).
Се уште има пожари на отворено. Пожарникарите, во последното деноноќие, од Скопје, Прилеп и Велес интервенирале на најмалку три такви пожари. Гаснеле запалено ниска вегетација с. Бучинци, во Скопско, при што била зафатена површина од 1.000 m2 и имале уште 5 помали интервенции. Интервенирале на пожар на отворен простор на запалени дрвја (појас околу 500 m) на патниот правец Битола – Прилеп кај с.Тополчани. Во изминатото деноноќие прилепские пожарникари имале уште една помала интервенција.
Пожарникарите од Велес гаснеле пожар кај Ораовдол, блиску кај рудникот кај месноста кон Кадиица и го изгаснале до 18:30 часот.
Апелираме да не се палат стрништа на нивите, потоа, пластични и гумирани работи, отпадоци и секако депонии на отворено, особено во овој период на загаден воздух во Скопје, а и во други градови во нашата држава.
Дума.мк