(фото) Вториот ден на велешките спортски игри со масовна посетеност и позитивна енергија

Објавено на 5 јуни, 2025 во 14:18

Вториот ден од годинашното издание на Велешките спортски игри помина во вистински спортски и народен дух. Вчера вечер илјадници граѓани го преплавија Градскиот парк, каде што на сите терени истовремено се одвиваа натпревари во различни спортски дисциплини, со публика која со ентузијазам ги следеше секоја акција и резултат.

На спортските терени беа застапени фудбалот, кошарката, одбојката на песок кои привлекоа големо внимание кај гледачите. Велешани и посетители од цела Македонија покажаа исклучителен интерес, исполнувајќи ги сите трибини и штандови околу терените, што уште еднаш се потврди дека овој настан не е само спортски туку и социјален собир што обединува.

Инаку, оваа година учествуваат вкупно 640 натпреварувачи, од кои 140 се интернационални спортисти, што му дава меѓународен карактер на настанот и го позиционира Велес како важна точка на спортската мапа на регионот.

Градскиот парк, каде што се одвиваат натпреварите, останува отворен за сите посетители. За безбедноста на настанот, движењето на возила е забрането, тоа е мерка што ја спроведува полицијата од СВР Велес по барање на Општина Велес. Натпреварите продолжуваат и денеска во сите дисциплини, а вечерите се резервирани за финални дуели, забава и дружење под отворено небо.

Велес уште еднаш покажа дека знае како да биде домаќин на големи настани, обединувајќи спорт, забава и заедништво на едно место.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.