(фото и видео) Нови три занимални и една сензорна соба отворени во објект „Детелинки“ на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ во Велес
Седумдесет и пет нови дечиња ќе може да го посетуваат објектот „Детелинка“ на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ во Велес во ново отворените три комплетно опремени училници. Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на денешното отворање рече дека проширувањето на капацитетите на детската градинка претставува значајна инвестиција за којашто министерството издвоилo еден милион денари.
Исто така, денеска беше отворена и првата светлечка сензорна соба во овој објект на детската градинка, којашто е отворена со поддршка од Амбасадата на Народна Република Кина. Сензорната соба ќе може да ја користат децата со попречености и потешкотии во развојот и претставува простор којшто е дизејниран да ги ангажира и стимулира сетилата на дечињата.
-Како кинески Амбасадор во Република Северна Македонија многу сум среќен што можам да придонесам за развојот и образованието на децата во државата. Не одамна се вратив во Кина за да присуствувам на Централната работна конференција за надворешни работи. Конференцијата јасно стави до знаење дека промовирањето на изградбата на заедница со заедничка иднина за човештвото е главна линија на кинеската дипломатија. Токму тоа е политиката и принципот за развој на односите меѓу Кина и Северна Македонија. Од воспоставувањето на дипломатските односи пред повеќе од 30 години двете земји отсекогаш го почитувале меѓусебниот развоен пат и обрнување на внимание на главните грижи меѓу себе, рече Амбасадорот Џанг Ѕуо.
Дечињата од детската градинка во знак на благодарност пред присутните играа и пееа на повеќе детски македонски песни.
Министерката Тренчевска и Амбасадорот Ѕуо на присутните дечиња им поделија разни подароци а дечињата во знак да благодарност им подарија благодарници и скромни поклони од институцијата.
Стефани Манева
фото галерија: