ЦУК: Од 36 пожари на отворено во последното деноноќие два се се уште активни
Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 871 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 39,13%, а 60,87% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
-Кон Полиција биле упатени 45,10%, кон Итната медицинска помош 33,33%, а кон пожарникарите 19,21% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 2,36% со другите 60,87% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1 121 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи, додаваат од ЦУК.
Вкупно 36 пожара на отворено во државата, биле активни во последното деноноќие. Од ЦУК велат дека пожарникарите изгаснале 34, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места.
-Активни пожари на отворено, од вчерашните 36 се уште се два. Еден на планината Китка, каде што гори, претежно нискостеблеста вегетација и кај скопско Булачани, согласно информации во ЦУК. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје известува дека пожарот над с.Палиград (Општина Зелениково) што започна на ден 16.02.2024 година, се уште е активен. Од ЈП „Национални шуми„ – подружница „Караџица“ Скопје известиле дека истиот се шири во правец кон с. Тисовица и еден дел кон пределот на Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје “Јасен”. Теренот бил непристапен за интервенција од земја. Од страна на РЦУК Скопје, за пожарот се известени и во Општина Зелениково. На 122 утрово во 08:31 часот во ЦУК е добиена пријава за пожарот во с. Булачани, во којашто се наведува дека истиот се уште е активен. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје, известува за 4 изгаснати пожари на отворено во Скопско, РЦУК Битола известува за 11, РЦУК Струмица за 4, РЦУК Велес за 8, РЦУК Куманово за 4 и РЦУК Тетово известува за 3 изгаснати пожари на отворено, додаваат од ЦУК.
Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Дума.мк