Традиционален Годишен концерт на Ансамбл „Керамичар“, во сабота, во Велес

Објавено: 23 октомври, 2026, во 14:24 часот

Ансамбл „Керамичар“ во Велес одбележува 72 години постоење. Тој е најстар Ансамбл во Велес, во кој што 14 генерации со околу 5 илјади играорци и 10-тина состави на оркестри како и пејачи солисти, ги негуваа во изминатите над седум децении македонскиот фолклор, народни ора, песни, обичаи и традиционални носии.

На концертот ќе настапат играорците на „Керамичар“ и гостите Фолклорен танцов ансамбл „Веселие“ од градот Симитли, Република Бугарија и КУД „Мирка Гинова“ од Демир Капија.

Концертот ќе се одржи утре, сабота, 24 октомври, во спортска сала на ООУ „Блаже Конески“ со почеток во 18 часот .

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.