Успешна крводарителска акција во ДСУ РСОО „Коле Неделковски“, учениците повторно ја покажаа својата хуманост
Четириесет и четири крвни единици беа собрани на крводарителската акција во ДСУ РСОО „Коле Неделковски“ којашто се оджа во текот на денешниот ден. Учениците како и вработените во училиштето ја подадоа својата рака, донираа од скапоцената течност и повторно ја покажаа својата хуманост.
Од Велешки Црвен крст велат дека бројот на дарувани крвни единици е еден од повисоките кога се работи за училишни акции.
Во акцијата којашто заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје во соработка со училиштето учествуваа двајца волонтери на Црвен крст. 6
Инаку, во текот на 2024 година досега се реализираа три крводарителски акции во средните училишта. Вкупната бројка на дарувани крвни единици изнедува 73. Голем дел од дарителите дарувале за прв пат.
Стефани Манева