Кавадарчани нема да плаќаат повисоки сметки за комунални услуги, „пресече“ Советот на општината
Објавено: 13 ноември, 2026, во 14:30 часот
Кавадарчани ќе продолжат да плаќаат по 31денари а фирмите по 57,8 денари за м3 вода како и за канализација домаќинствата по 9 денари а компаниите по 13,75 денари, плус 5 отсто данок. Советот го прифати предлогот на градоначалникот Митко Јанчев овие услуги кон Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ да продолжат да се плаќаат по актуелните цени.

Јанчев го соопшти својот личен став зошто цените на комуналните услуги не треба да се зголемат и додаде дека постои можност од Буџетот на општината да се издвојат финансиски средства за да се помогне на „Комуналец“ во спроведување на законската одлука на Регулаторната комисија, која ја дефинира цената на комуналните услуги во државата.
-Не треба да гласаме за покачување на цената на водата, најмалку во овие услови, кога имаме кризна состојба која ги тангира граѓаните а нормално и сите останати, рече Јанчев.

Јанчев додаде дека на непокачената цена на водата ќе реагира Регулаторната комисија и ќе бара, согласно закон, во рок од пет месеци кавадаречки „Комуналец“ да ја покачи цената Градоначалникот побара од Советот тогаш да прифати откажување на Општина Кавадарци од други расходи за да му ја надокнади разликата во цената на комуналното претпријатие а тоа да ги подмири обврските кон Регулаторната комисија.
Убавка Јаневска

