Граѓански фото објектив: Поранешниот Пензионерски дом во Велес
Објавено на 25 март, 2024 во 12:09
Велешанецот Атанас Крлевски испрани нови фотографии за категоријата граѓански фото објектив. Овој пат тој го фотографил некогашниот Пензионерски дом во Велес.
-Фотографиите и колажот се од некогашниот Пензионерски дом, една прекрасна староградска архитектура која денес делумно се употребува за други намени. Дали ќе го издржи забот на времето? Градбата е посебно убава кога се гледа од спротивниот брег на Вардар.
Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат граѓански соработници на порталот со цел да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија.
Вашите фотографии испратете ни ги на нашата е-мајл адреса [email protected].
Дума.мк