Коки: „Први Април е ден на шегата, преостанатите денови во годината се денови на поскапувањата“
Денот на шегата, 1 прил, започнете го со насмевката. Новите шест афоризми на Коки ќе Ви го овозможат тоа. Уживајте:
-Наместо стрелките на часовникот да ги поместат час нанапред, мноштвото жени со задоволство би го поместиле календарот, неколку години…наназад.
-Први Април е ден на шегата, преостанатите денови во годината се денови на поскапувањата.
-Мојата колешка и денес не увери дека воопшто нема чувство за шега, и понатаму продолжува секој маж да го сфаќа, сериозно.
-Тешко е во предизбориево да се бара, а уште потешко да се очекува коректност и пристојност во однесувањето на некои политички опоненти.
-Ловџиските приказни се мачкина „кашлица“ во споредба со предизборните приказни на неколкуте партиски лидери и нивните кандидати за народни претставници.
-На искусната жена и е доволно да повлече само еден, единствен паметен потег во животот: да се омажи за глупав маж.
Афористичар Никола Бошковски – Коки
Дума.мк