24 април и 8 мај ќе бидат неработни и за вработените во приватните фирми, одлучи Владата
„Владата заклучи 24 април 2024 година, среда и 8 мај 2024 година, среда, да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Македонија, заради непречено спроведување на изборите за претседател на Република Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Македонија.
-Владината одлука се однесува на сите граѓани на територијата на државата. Овие два неработни дена нема да се одработуваат“,стои во заклучокот од седницата.
Одлуката за неработни денови важеше само за јавната администрација, а за приватниот сектор беше дадена само препорака, што внесуваше забуна кај приватните стопански субјекти. Овие два неработни дена нема да се одработуваат, односно газдите на приватните фирми нема да може да го бараат од вработените.
Дума.мк