Промоција на „Приказна за ветрето“ од авторката Лили Арсова во Тирана, Албанија

Објавено: 16 ноември, 2026, во 12:42 часот

Денови на македонската литература за деца се одржаа викендов, во Културно информативниот центар во Тирана. Во рамките на манифестацијата се промовираа автори и сликовници издадени годинава а меѓу нив и „Приказна за ветрето“ од велешката авторка Лили Арсова.

Промоторкат, Розе Костеска за „Малото ветре“ рече дека ја раскажа својата поучна приказна со порака дека „никогаш не треба да се обесхрабрува и откажува од можноста за успех и остварување на соништа а меѓу нив и најмладата публика, на нашите иселеници кои живеат во Тирана.

Арсова изјави дека и е чест и задоволство што беше дел од овој културен проект кој ја зближува уметноста на пишаниот збор и децата.

“Деновите на македонската литература за деца” ги организираше Издавачка куќа „Едука Мак“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.