Граѓански фото објектив: Поранешно „Радио Велес“
Фото објективот на велешанецот Атанас Крлевски овој понеделник бил вперен кон зградата на поранешното „Радио Велес“. За својата фотографија тој вели:
-На оваа моја фотографија е градбата во која низ годините беше сместено Радио Велес. Сега се користи за друга намена, но го привлекува вниманието со својата прекрасна архитектура. Мене посебно ме воодушевува што архитектот, на кој за жал не му го дознав името, многу успешно го прилагодил објектот на околината и на самата конфигурација на теренот, едноставно е сраснат со него! Посебна убавина му дава и каменот, употребен во градбата, материјал толку употребуван во старата македонска архитектура, објаснува Крлевски.
Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат граѓански соработници на порталот со цел да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија.
Вашите фотографии испратете ни ги на нашата е-мајл адреса [email protected].
Дума.мк