Издумани Крлевизми: „Афоризам? Пет збора – рој мисли!“

Објавено: 17 мај, 2024, во 10:44 часот

Велешанецот Атанас Крлевски со нови 15 издумани Крлевизми за Ви порачува: „Читајте Издумани Крлевизми за животот да ви биде поубав!“

  1. Афоризам? Пет збора – рој мисли!
  2. Ако ви дале одврзани раце, треба да имате полни раце работа.
  3. Ако во мојот двор заигра мечката, ќе го користам како летна сцена.
  4. Ако ѓаволот ја однел шегата, не барајте ја во рајот!
  5. Ако не се цврсти и зборовите подлежат на девалвација.
  6. Ако немаш грб ќе те товараат. Ако имаш образ, нема да те товараат!
  7. Ако поетите станат политичари, ќе се случи огромна промена – ветувања во стихови.
  8. Играњето по такт е опасно… освен во музиката.
  9. Ако политиката е фудбалска игра, фудбалската топка не мора да е народот.
  10. Ако сам си го бараш, брзо ќе те најдат.
  11. Ако сатирата би била спорт, би била екстремен спорт.
  12. Ако секој би бил каде што му е местото, многумина ќе останат за никаде!
  13. Ама каква мала плата!? Сизиф работел џабе.
  14. Аутсајдерите се уништувачи на забави – низ солзи, рече фаворитот.
  15. Годо, доаѓа ли со тебе нашето подобро утре?

Афористичар

Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.