УХМР предупредува за внимателно движење на отворено попладнево поради невреме
Објавено на 21 мај, 2024 во 15:40
Денес попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60
км/час) и појава на град.
Пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме ќе има и утре, особено во источните делови. Потоа во следните два дена ќе преовладува стабилно време. За време на викендов се очекуваат нови врнежи од дожд.
Од Управа за хидрометеоролошки работи стигна препорака: „Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.“Дума.мк