Божидар Јовиќ: „Кирило – Методиевата заветност“
Објавено: 24 мај, 2024, во 14:35 часот
Денот на сесловенската писменост ја подигна заемната свесност,
вековното опстојува е заветно исполнета љубов со човечност.
Кирило – Методиевата заветност го исполнува древното предание,
вткаена е сесловенската чесност подигнато е вековното сознание.

Азбуката е сплетена со вредности гласовната нишка е писменост,
говорниот јазик е со спокојности разумот е со вековна доблесност.
Охридското развивање е мудрост, Климентовата заветност постои
оплеменета е словенска постојаност, широка е лингвистичка развојност.
Древната заветност се оплеменува, сесловенска вредност се збогатува
Кирило - Методиевата чест живее втемелено исполнување се видува.
Автор Божидар Јовиќ

