Премиера на документарниот филм „Се извинувам, Кежаровски тука живее ?“ во Скопје
Премиерата на документарниот филм „Се извинувам, Кежаровски тука живее“ од авторот Миле Бошњаковски, ќе се одржи на 25 јуни, вторник, во 19 часот, во киното „Фросина“ – Младински културен центар .
Документарецот „Се извинувам, Кежаровски тука живее“ содржи директно сведоштво на Кежаровски за настаните поврзани со неговото брутално приведување, судскиот процес и затворска казна кои во видео записот се поместени во два дела, во вкупно времетраење од педесет минути. Во филмот покрај сведоштвото на новинарот Кежаровски, публиката ќе има можност да ги погледне настаните кои му претходат на неговото приведување односно како тој работи чувствителни истражувачки новинарски теми кои се индиректен (директен) поттик за настаните кои следат, за „желбата“ на Обвинителката Лиле Стефанова за Кежаровски да и „пее“ и го менуваат животот на семејството Кежаровски.
Филмот е сниман во 2023 и дел во 2024 година односно после пет години од заокружување на голготата наречена „Случајот Ореше – новинарски натпис во кој се открива заштитен сведок на Кежаровски“. Во филмот се прикажани моменти од настаните за случајот „Ореше“ за прв пат на јавноста.
Дума.мк