Метео Аларм: Екстремно топол бран во следната седмица
Топлиот бран кој ќе започне да добива на интензитет и тоа уште од утре и за време на викендот додека во текот на следната седмица ќе стане дури и екстремно топол, објави метео прогнозерот Славчо Поповски на Метео Аларм.
„Тоа значи дека очекуваме екстремно високи температури на воздухот кој насекаде низ Македонија ќе надминуваат 30 степени. На повеќе места температурите ќе се искачуваат до околу 35 степени, додека во централните и во југоисточните предели температурите локално ќе надминуваат дури и 40 степени. Од овој екстремно топол бран најпогодена ќе биде соседна Грција каде температурите локално ќе надминат дури и 45 степени,“ напиша Поповски.
За време на овој топол бран времето ќе биде сончево со мала локална облачност и суво насекаде низ Македонија. Повремено ќе засилува ветер од југозападен правец и истиот ќе биде многу топол.
Дума.мк