До петок нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
Објавено на 25 јуни, 2024 во 14:12
Под влијание на исклучително нестабила воздушна маса, до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град, соопшти УХМР.
Дневната температура постепено ќе опаѓа. За време на викендот се очекува стабилно и потопло време.
УХМР препорачува поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Дума.мк