(фото) Започна „Велешко лето 2024“, комичарот Бојан Велевски ги насмеа велешани
Објавено на 9 јули, 2024 во 11:58
Велешани го исполнија амфитеатарот во Младински парк и уживаа во првиот настан од манифестацијата „Велешко лето 2024“. Стенд ап комичарот Бојан Велевски еден час ги засмејуваше велешани кои многу често го наградуваа со аплаузи. Тој лично се заблагодари до Општина Велес кои му овозможиле да ја отвори манифестацијата „Велешко лето 2024“ којашто за прв пат се одржува во градот.
Публиката потоа се забавуваше и со музичкиот сет на дџ Попај.
„Велешко лето“ продолжува и вечерва со пренос во живо на првото полуфинале на Европското првенство во фудбал на видео бим во Амфитеатарот.
Стефани Манева