Македонците 49-ти во светот според просечниот коефициент на интелигенција
Македонските граѓани се 49-ти во светот според просечниот коефициент на интелигенција, покажува рангирањето објавено на страницата „International IQ test“. Листата е составена врз основа на резултатите од 1.691.740 лица од целиот свет кои направиле еден ист тест за интелигенција во 2023 година.
Според оваа листа, Македонците имаат просечен коефициент на интелигенција од 98,83. Тоа е блиску до општиот просек којшто изнесува коефициент 100. Претходниот минатогодишен резултат за македонските граѓани бил 98,21 коефициентен поен.
Во првите 10 земји се наоѓаат: Јужна Кореја (со просечен коефициент на интелигенција од 107,54), Кина (106,99), Иран (106,84), Јапонија (106,18), Сингапур (106,18), Австрија (102,71), Канада (102,6), Германија (102,36), Словенија (102,31) и Монголија со просечен коефициент 102,3.
Од нашето поблиско опкружување, Бугарите имаат просечен коефициент 101,71, Србите – 100,66, Хрватите – 99,73, Босанците – 99,57, Црна Гора има 99,34 просечни поени, Грција е со коефициент 97,51 и Албанија има просек од 97,28 коефициентни поени.
Дума.мк