Уште еден активен пожар во велешко, гори помеѓу селата Каласлари и Црквино над Венуле
Од Центар за управување со кризи соопштуваат дека од ноќеска, еден час и 15 минути по полноќ, активен е и пожар помеѓу селата Каласлари и Црквино над месноста викана Венуле каде покрај сува трева гори и шума.
-На лице место гаснат 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Велес. Исто така за овој пожар се известени ЈП Македонски Шуми ШС Бабуна – Велес, но бидејќи вработените не биле осигурани, немале гориво за возилата и истите не биле исправни и регистрирани тие не излегуваат на терен да го гаснат пожарот. Запознаена е Дирекцијата за заштита и спасување… Побарана е и воздушна подршка од страна на градоначалникот на Општина Велес, за која во координација со Хеликоптерската единица во МВР поради извршување на оперативни задачи за потребите на МВР ќе се процесуира после 12.30 часот, веднаш кога ќе се ослободат хеликоптерите, додаваат од ЦУК.
Стефани Манева