Коки: „Во ова време-невреме, многумина луѓе се поистоветија со пожарникарите: започнаа своите проблеми да ги ГАСНАТ во туѓи бракови“
Понеделнички нови афоризми од велешкиот афористичар Коки. Прочитајте ги и започнете ја работната седмица со насмевка! Уживајте!
Децата зачнати на работно место, во работно време, треба секогаш да имаат приоритет при вработувањето.
Постојат мнозина забегани политичари, кои со својата неукост и ароганција, можат да му предизвикаат главоболка дури и на …АНАЛГИНОТ.
Во бракот најпрвин се слушаат нежни зборови, потем само зборови, додека на крајот претежно преовладуваат…ПРОСТИ РЕЧЕНИЦИ.
Постојат жени кои можат недвосмислено да се поистоветат со крадците: секогаш кога ќе ги ФАТАТ, велат дека тоа им е …ПРВПАТ.
Во ова време-невреме, многумина луѓе се поистоветија со пожарникарите: започнаа своите проблеми да ги ГАСНАТ во туѓи бракови.
Власта секогаш умее безболно да ги решава своите проблеми: ги вработуба ОПРЕДЕЛЕНИТЕ ,на неопределено работно време.
Понекогаш мојот сопруг наликува на бебе: штом не сум дома, тој пресреќен се прпелка во скутот на бебиситерката.
Афористичар Никола Бошков – Коки
Дума.мк