Седум нови афоризми на велешанецот Коки
Понеделнички нови седум афоризми за читателите на Дума.мк од велешкиот афористичар Коки.
-Во многуте бракови, за жал, врз жената лежи многу повеќе куќата, отколку…мажот.
-Најлош трик на маѓионичарот е кога од забегани, неуки, проблематични и ментално заостанати луѓе, ќе успее да направи…политичари.
-За разлика од училиштето, во сексот најдобри се …ПОВТОРУВАЧИТЕ.
-Наместо БИОФЛЕКС, лек против компликации и проблеми со зглобовите, на политичарите им успеа да пронајдат уште поефикасен лек за болки во колената: возење со авион во бизнис класа.
-Кога нудистката изведува стриптиз, најпрвин ја симнува шминката од лицето, потем лакот од ноктите и на крајот…спиралата.
-Различните генерации имаат различни вкусови: децата претпочитаат цртани филмови, мајките турските ТВ серии а татковците…вдовицата од соседството.
-Откако ќе се оженат, многумина луѓе бездруго се прашуваат: зошто секоја голема љубов мора да заврши толку жално…со брак.
Афористичар Никола Бошков – КОКИ
Дума.мк