Никола Бошковски Коки: „Покрај толку многу силеџии, денеска лесно е да се оправда невиноста“

Објавено на 5 август, 2024 во 10:21

Понеделнички, како што е ред, афористичкиот поздрав на Никола Бошковски Коки ги содржи следниве нови седум афоризми за читателите на Дума.мк:

„Покрај толку многу силеџии,лесно е денес да се оправда невиноста.“

„На некои партиски гласноговорници или портпароли, им се исплати живеењето „кучешки живот”: Лаеја, лаеја…и на крајот им успеа да ја зграпчат и да се насладуваат од фрлената, мрсна, директорска коска.“

„Ја запознав на нудистичка плажа,а потем не можев да ја наоблечам.“

„Луѓето секогаш ги гледаат жените во нозете,но никогаш не можат да го предвидат нивниот следен чекор.“

„Предизборното „коленичење” пред електоратот,си го зема данокот: Многу политичари сега се соочуваат со непријатни и неподносливи болки…во колената.“

„Многу жени посакуваат светла иднина,ама…стравуваат од осветлувањето на минатото.“

„На љубовната средба,девојката нема причина толку често да погледнува во часовникот: Штом партнерот ќе започне да ги откопчува панталоните, веќе се знае колку е часот.“

Ве поздравува вашиот

КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.