(видео и фото) Со звукот на старата камбанарија во ООУ „Панко Брашнаров“ се повикаа првачињата на првиот училишен час

Објавено на 2 септември, 2024 во 11:57

Традиционално и оваа година, на почеток со интонирање на химната на Република Македонија, а веднаш потоа и со звукот на старата камбана во ООУ „Панко Брашнаров“ се повикаа првачињата на првиот училиштен час.

Поголемите ученици од училиштето подготвија богата програма за своите нови другарчиња коишто денеска за прв пат седнаа во училишните клупи. Тие преку песна, игра и интересни рецитали им посакаа добредојде на сите 70 првачиња коишто во училишниот двор заедно со своите родители ја следеа програмата и постојано аплаудираа. Првачињата сите убаво облечени и дотерани, насмеани и разиграни, нестрпливо чекаа учителките да го прочитаат нивното име и заедно со другарчињата да се упатат кон училницата. Неколку ученици носеа и маички на коишто беше испишано „Среќно прваче“.

Пред заминувањето во нивните училници, сите првачиња во еден глас дадоа и ученичка заклетва дека ќе учат, ќе го стекнат почитувањето на наставничките, ќе бидат најдобри ученици и дека ќе стекнат долговечни другарства.

На самиот почеток топло добредојде им посака и директорката на училиштето Валентина Стефкова со желби за безброј успеси и среќни моменти во нивниот втор дом.

Во продолжение погледете една од кореографиите со која што поголемите ученици измамија насмевки кај првачињата, придонесоа да се чуствуваат посебно и да го паметат долго својот прв училиштен ден.

Првачињата во ООУ „Панко Брашнаров“ се распределени во три паралелки и денеска, на првиот час во секоја училница, тие се запознаваа меѓусебно и добија кроасана, беџ на којшто има испишано порака, честитка како и балон на којшто заедно со своите наставнички секој поединечно го напиша своето име.

Стефани Манева

фото галерија:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.