Издумани Крлевизми: „И на тркалезната маса секој гледа од свој агол“
Нови 15 издумани Крлевизми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски. Прочитајте ги и започнете го денот со насмевка!
-И сценографијата е режија!
-Солени ни се и слатките јадења.
-Сон на демократот – да стане роб на слободата.
-Има тежок занает. Каменорезец е… на камења на сопнување.
-Во нашите редови нема мангупи. Ги криеме меѓу редови.
-За туѓ стан се плаќа станарина. Во туѓ живот се живее бесплатно.
-И на тркалезната маса секој гледа од свој агол.
-Нема демократија со волци, а уште помалку со овци.
-Блескав ум! – рече полтронот, по уште една глупост на шефот.
-И оваа власт ја оправда мојата недоверба.
-Играњето по такт е опасно… освен во музиката.
-Имаме кучиња за лаење. Немаме толку карвани.
-Бистар ум, а мати вода!
-На еден Тарзан, безброј мајмуни.
-На некои вработени најтешко им е меѓу две кафиња. Нема што да
работат.
Афористичар Атанас Крлевски
Дума.мк