Коки: „Постојат политичари кои катадневно работат против безбедноста на државата, ама живеат удобно и безбедно,со безбедносен сертификат“
Добар ден, денешен и наредни како и убава работна недела ви посакувам мои велешани како и останати читатели на Дума.мк коишто преку читање на афоризмите ја разбивате монотонијата на секојдневието кое воопшто не е едноставно за ниту еден од нас. За сите вас минатата недела ги напишав овие, денеска, објавени афоризми:
-Во работата треба да се биде внимателен на почетокот, а во љубовта…на крајот.
-Постојат политичари кои катадневно работат против безбедноста на државата, ама…живеат удобно и безбедно, со безбедносен сертификат.
-На политичарите не треба да им се верува ниту тогаш, кога лажат!
-Несфатливо е како мојата соседка се зазема за зачувување на човековата животна средина, кога не е во состојба да си ја зачува ниту својата…
-Патиштата не ни се толку тесни, колку што на возачите им недостига широчина.
-Многу луѓе обрнуваат поголемо внимание на движењето на курсот на девизите, отколку на движењето на своите сопруги.
-За искусните и вешти „ловџии” на женски срца, не постои определена сезона за лов.
Вашиот КОКИ