Заменик министерот Ристески: Гасификацијата на државата главен приоритет меѓу проектите на Владата
Гасификацијата на земјата треба да овозможи подобра економија и развој, намалување во единица производ на економските субјекти и поголема конкуретност. Воедно се очекува да овозможи порелативизирана состојба за граѓаните во однос на затоплувањето на домовите во зимскиот период. Ова во Велес денеска го соопшти заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.
При посета на Општина Велес, Ристески, за приоритет на Владата ги издвои проектите кои претходно беа заглавени. .
-Гледаме дека сите оние институции кои се занимаваат со оваа проблематика полека ги одглавуваат проектите.Со тоа како истите ќе се одглават,ќе се предвидат средства во наредниот буџет, за 2025 година, така и гасоводот ќе продолжи со реализација, најави Ристески.
Според него промоцијата на новиот Закон за нефер трговски практики бил од суштинско значење иако се крена многу пршина за него во медиумите.
-Но исто така ќе имаме и прашања и одговори за постојаните активни мерки кои ги имаме за развој на малите и средните претпријатија,развој на претприемништвото, бизнис ангели и развој на занаетчиството во Македонија како и продолжување и други прашања, додаде Ристески.
Воедно тој информира дека на средбата со градоначалникот Марко Колев, претставници на велешки приватни фирми, на Занаетчиската комора и со велешките пратеници ќе ги соопштат резултатите од есенската, училишната како и синдикалната минимална кошничка.
-Целта на Владата,на Општина Велес и на Министерството за економија и труд, е да овозможиме преку подобрување на законските регулативи создавање на добра политичка клима и атмосфера која за жал изостануваше претходниот период и која ќе овозможи привлекување на странски инвестиции, отворање на нови работни места како и овозможување на домашните компании, мали,средни или големи, да ги прошируваат своите капацитети, функционирање на правниот систем, враќање на довербата на граѓаните кон државата, рече Ристески
Заменик министерот изрази надеж дека ќе се спречи голем одлив на работно способни млади луѓе од земјава.
Убавка Јаневска