Коки: „Најлесно денес е да им солиш памет на оние што имаат чорба во главата“
Седум нови афоризми за читателите на Дума.мк од афористичарот Никола Бошковски Коки на актуелни теми коишто се напишани на актуелни теми кои и деновиве го инспирираа.
„Наместо да ги поместат стрелките на часовникот, час наназад, жените несомнено би посакале да го поместат времето и вратат некои години од младоста, во сегашноста.“
„Најлесно е денес да им солиш памет на оние што имаат чорба во главата.“
„На нашата политичка сцена и понатаму продолжуваат, секојдневно да се приредуваат разно-разни едночинки и циркузи, па оттаму и дилемата: од каде, одненадеж се изродија толкуте многу артисти и…кловнови.“
„Единствено политичарите и нимфоманките неможат никогаш да бидат задоволни од она што секојдневно го остваруваат.“
„Соседката тргнала на шопинг да си купи нов фустан, ама…видела мошне елегантни чевли, па си купила…чанта.“
„Се разбира дека сопругот ќе ве изневерува, штом постојано се обидувате да го држите само за збор.“
„За разлика од атлетиката, во љубовта воопшто не е важно дали на целта ќе пристигнете прв или последен: важно е да се учествува.“
Вашиот КОКИ