М-р Јовановски: “Национални железници“ – патнички сообраќај ќе врати уште неколку пара на возови, а исто така планира да воспостави и меѓународен сообраќај“

Објавено на 31 октомври, 2024 во 10:34
Фото: м-р Горанчо Јовановски, директор на Патнички сообраќај на „Национални железници“

Оправдувајќи ја реакцијата на патниците во попладневниот патнички воз од Скопје за Гевгелија, кои во вторникот, на 29 октомври, од 16:55 часот до 22:30 часот, заглавија во патувањето од Скопје до Гевгелија, прво на Железничка станица Зелениково и по повеќе од пет часа едвај стигнаа до станицата во Велес додека гегвеличани продолжија со комбе кон дома, директорот на Патнички сообраќај на „Национални железници“ Горанчо Јовановски, одговори на е-мајл на прашањата на Дума.мк за причините за дефектот на локомотивата, за актуелната состојба која овозможува или неовозможува издавање на услуги за патниците и воопшто може ли да функционира или јавното претпријатие треба да се откаже од овој вид транспорт пред да ги поправи или да набави нови превозни средства коишто ќе гарантираат безбеден и навремен внатрешен превоз на патници возови во државата.

Во одговорот Јовановски известува дека со сите расположливи сили и средства, националното железничарско претпријатие, се трудело да го одржи сообраќајот во државата.

Фото: Патничкиот воз во кој заглавија патниците, вечерта, на 29 октомври

„Состојбата која ја затекнавме,  кога јас стапив на должност, пред 3 месеци, беа нефункционални возни средства и тоатален хаос кој за кратко време се потрудивме и успеавме да воспоставиме редовно одржување на линиите. За возот кој ни се обраќате Ве известуваме дека дефектот беше реален, во истиот имаше 13 патника и истите беа безбедно превезени до крајната дестинација.  За наредната година односно за возниот ред 2024/25 ќе вратиме уште неколку пара на возови, а исто така планираме да воспоставиме и меѓународен сообраќај. За 2025 година предвидено е зајакнување со нови моторни гарнитури и генерална поправка на постоечките. Нашата заложба и цел е да ги зголемиме сегашните 7 линии на 14 линии и минимум 1 меѓународна линија,“ пишува во одговорот директорот на Јовановски.

До реализацијата на оптимистичкиот став на првиот човек на патнички сообраќај на „Национални железници“ на граѓаните останува да донесат одлука дали ќе патуваат со воз.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.