Велес домаќин, започнаа „57 Детски Рацинови средби“ а најмладите покажаа дека се доследни негови следбеници
„Цветен пат за Рацин“ беше мотото на годинешното дефиле во кое чекореа сите ученици кои се учесници на годинешните Детски Рацинови средби. Домаќините од основните училишта во Општина Велес како и гостите од повеќе градови во Македонија. Тие во чест на поетот и основоположник на современата македонска литература чекореа од споменикот во парк пред Гимназија Кочо Рацин до споменик во центар на градот кај Градски паркинг откако децата од Градинката „Димче Мирчев“ прикажаа дека се горди наследници преку програмски целини којшто достојно го прикажа ликот и делото за безвремениот Рацин.
Пред двата споменика на Кочо Рачин во неговиот Велес како и пред Паметникот во Спомен костурницата беше положено свежо цвеќе и на Рацин му беше оддадена почит.
Богата е програмата на манифестацијата со бројни културни настани.
Детските Рацинови средби продолжуваат утре со свечено доделување на наградите на најдобрите поетски и ликовни творби на учениците од основните и средните училишта во градот, кои учествуваа на конкурсот на Општина Велес на тема „Мене и душата ми е црвена“.
Педесет и седмите Детски Рацинови средби се дел од активностите за одбележување на Денот на Општина Велес, 9 Ноември.
Убавка Јаневска