Министерот Тошковски: Велес во проектот „Safe city“ или „Безбеден град“ ќе ја чека втората фаза, во првата се само трите градови Скопје, Куманово и Тетово
Камерите за надгледување на јавните површини и урбана опрема од страна на полицијата вгодина ќе бидат поставени прво во Скопје, Куманово и Тетово додека Велес и другите градови во земјава ќе чекаат наредна фаза. Проектот „Safe city“ или „Безбеден град“, е долго најавуван од МВР пред се како конторлен систем за потребите на сообраќајот и сообраќајниците.
Министерот Панче Тошковски при вчерашната посета на Велес информираше дека по ова прашање веќе разговарал и со градоначалникот Марко Колев и вети дека апсолутно ќе направеле се’ за да можат да го имаат потребниот видео надзор на јавните урбани површини во градовите, а се’ со цел побрзо откривање на сторителите на кривични дела и навреме да се реагира .
-Систем засега е замислен да се стави само во Скопје,Куманово и Тетово.Инаку Општина Кавадарци на своја рака постави проект за набљудување на добрата кои се од јавен интерес.Воедно и таму направивме отворање на системот и го поврзавме со полиција и сега е во рамките на Полициската станица Кавадарци и истиот има надзор од страна на полициските службеници и тоа е дел од проект, појасни министерот Тошковски.
Воедно додаде дека разговарал и со градоначалникот Марко Колев на истата тема, и смета дека сепак МВР во рамките на своите надлежности и на своите институционални капацитети е тој кој треба да ги реализира ваквите проекти.
-Сето затоа што безбедноста на граѓаните нема цена и во таа насока морам да размислуваме за проширување на проектот „Safe city“или „Безбеден град“ да го спроведеме на територијата на цела Македонија и тоа ќе го направиме,најави министерот Тошковски.
Министерот додаде дека во моментот нема рок до кога истиот ќе се имплементира,но и дека се надева дека на почетокот на наредната година ќе може да дефинираат до кога овој проект ќе се имплементира и во Велес како и во останатите градови во земјава.
Убавка Јаневска