Ветерот откачил лим од покривот на Средно училиште „Коле Неделковски“, велешките пожарникари го извадиле и симнале
Објавено на 22 ноември, 2024 во 19:00
Јакиот ветер којшто попладнево дуваше во Велес е причина од покривот на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ да открне дел од лимениот покрив што преставувал опасност за учениците. Од училиштето во 16:45 часот се јавиле во Територијална противпожарна единица Велес и побарале помош.
Тројца пожарникари и едно возило веднаш заминале на лице место. Пожарникарите се качиле на покривот на училиштето и го откачиле од конструкцијата а потоа и го симнале на безбедна локација парчето од лимениот покрив. Така обезбедиле безбедност по учениците, дворното место и соседството на училиштето.
Стефани Манева