Двајца Велешани се здобиле со тешки телесни повреди откако со автомобил се забиле во столб на наплатна станица „Сопот“
Сообраќајната незгода се случила ноќесна, шест минути по полноќ на автопатот Скопје-Велес, на наплатна станица „Сопот“. Таму патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Велес, удрило во столб од наплатната станица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.М.(56) од Велес, сопатник во возилото, а со телесни повреди се здобил возачот, А.Д констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.
И возачот и сопатникот се здобиле со тешки телесни повреди и се задржани на опсервација на Хирушко одделение во велешка Општа Болница. Според портпаролката др Биљана Босилкова тие биле донесени во болницата каде им била пружена медицинска помош со повеќе здравствени услуги.
-Здравствената состојба на двајцата пациенти не е животно загрозувачка иако се константно под лекарски надзор, додаде др Босилкова.
Стефани Манева