Општина Велес во декември, минатата година, издала осум одобренија за градби на објекти што е најмногу во Вардарски регион
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2025/02/Foto-Veles-panorama-za-BIRN-sologo-1-1.png)
Од вкупно осумте издадени дозволи за градење три се на физички лица останатите на фирми. Вторите ќе градат станови за живеење. Предвидената вредност на сите градбите за кои што општината издала одобренија изнесува 67 илјади 449 денари, објави Државен завод за статистика.
Фирмите кои добиле одобренија за градба пријавиле изградба на три трособни и два четири станови на вкупна површина од 537 м2 корисна површина.
Во Вардарски регион, во истиот месец, една фирма добила одобрение за градба од Општина Демир Капија за што платила 7.793 денари како и две физички лица и една фирма во Неготино од што во општинскиот буџет се слеале 22. 279 денари. Одобрението за градба во Неготино е издадена за изградба на три трособни станови на корисна површина од 232 м2.
Државен завод за статистика излезе со податоци дека во декември, минатата година, во државава се издадени 287 одобренија за градење, што е за 2.0 % помалку во однос на истиот месец од 2023 година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 954 058 илјади денари, што е за 22.6 % помалку во однос на истиот месец од 2023 година.
Убавка Јаневска
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)