Коки: „Никогаш не е доцна некои луѓе да се покајат и побараат прошка за многу несватливи, несоодветни и недозволени грешки, што ги направиле во текот на животот“

Објавено на 3 март, 2025 во 09:35

Денот по барањето прошка за намерни или ненамерни грешки во изминатата година како и неколку дена пред одбележувањето на меѓународниот ден на жената 8 Март, афористичарот Никола Бошков Коки ви ги напиша следниве афоризми:

„Мажот ја освојува жената се додека таа не го зароби.“

„Алчните, нечувствителни и ненаситни народни избраници ги зафати паника, деновите се се подолги а дневниците им останаа исти.“

„На овој 8 Март некои жени ќе бидат мошне пријатно изненадени од своите швалери со убав, скапоцен подарок а некои пак…од својот сопруг, особено ако тој одненадеж се врати дома од службено патување.“

„За празникот на своите жени многу мажи ќе се чувствуваат ПРАЗНИчно, џебовите ќе им бидат празни.“

„Не се согласувам со мудроста дека молчењето е злато, многу жени празников ќе креваат врева само поради златниот накит.“

„Мојата соседка секојдневно го доживува своето вистинско, врвно задоволство – не пропушта пригода на својот сопруг да му се качи на …главата.“

„Никогаш не е доцна некои луѓе да се покајат и побараат прошка за многу несватливи, несоодветни и недозволени грешки, што ги направиле во текот на животот.“

Вашиот Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.