Невработеноста во четвртото тромесечие лани изнесува 11.9 проценти

Објавено на 10 март, 2025 во 17:31

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2024 година, активното население во РС Македонија изнесува 795 321 лице, информира Државниот завод за статистика. Од нив вработени се 700 526, а 94 795 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 52.5, стапката на вработеност 46.2, додека стапката на невработеност изнесува 11.9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Најмногу вработени има во преработувачката индустрија -141 193, по што следи трговијата на големо и мало со 103 849 вработени.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.