Противпожарната единица Велес доби донација од 30 дождовни јакни од Општина Чашка

Објавено на 29 април, 2025 во 10:15

Противпожарната единица од Велес доби донација од 30 класични јакни за дожд, наменети за потребите на пожарникарите при справување со интервенции во неповолни временски услови.

Донацијата лично ја предал градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, во просториите на ТППЕ Велес и во присуство на сменските пожарникари заедно со командирот на единицата Димче Јованов.

-После минатогодишните пожари кои ја зафатија територијата на Општина Чашка, противпожарната единица од Велес покажа исклучителна пожртвуваност и несебичен ангажман. Со оваа скромна донација сакаме да изразиме благодарност за нивниот придонес во заштитата на животите и имотот на нашите сограѓани, истакна градоначалникот Стојановски.

Ваквата поддршка значително ќе помогне во подобрување на условите за работа на пожарникарите, особено во ситуации кога мора да дејствуваат во дождливи и тежок теренски услови.

Средствата за набавка на јакните се обезбедени од буџетот на Општина Чашка, по одлука на Советот на општината.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.