Облачно време, на некои места со повремен дожд
Објавено: 30 октомври, 2026, во 08:04 часот
Времето денеска времето ќе биде променливо облачно, а на некои места повремено ќе врне дожд. Во утринските часови во одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 Целзиусови степени, а дневните ќе достигнат од 10 до 18 степени.
Во Скопје ќе преовладува облачно време, а наутро е можна и слаба магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Дума.мк


