Издумани Крлевизми: „Трчањето е здраво. Посебно по среќата!“

Објавено: 18 јули, 2025, во 10:11 часот

За читателите на Дума.мк, Крлевски подготви нова серија од десет издумани Крлевизми – остроумни, духовити и понекогаш брутално точни афоризми, кои преку игра на зборови ја отсликуваат реалноста во која живееме.

1. Лошо е емоциите да се под клуч, а уште полошо никогаш да не се дома.

2. Трчањето е здраво. Посебно по среќата!

3. Ни велеа: „Што ќе ти е диплома, ако знаеш“, а тие со купени дипломи во џебовите.

4. Некогаш благодарноста се изразуваше со јајца, сирење, виски, бомбоњери, а денес во кеш и поинаку се вика.

5. Во неговото знаење никој не се сомнева. Никој не го видел!

6. Кога ќе се намали бројот на петките во школите, ќе се зголеми бројот на десетките на факултетите.

7. Политиката не расипува. Расипаните во политиката ја расипуваат политиката.

8. Во мое време земаа плата и неработниците, а денес и тие што не одат на работа.

9. Откако ја викам „Маче“ ѝ купив три црни бунди.

10. Му дадовме одврзани раце, а тој фаќал и со десната.

Афористичар Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.