Лишени од слобода возачи, управувале возила со 2,89 и 2,57 промили алкохол

Објавено: 5 септември, 2025, во 16:44 часот

Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино, вчера, во 14:15 часот на улица „Партизанска“ во Неготино го лишиле од слобода А.П.(50) од село Корешница, демиркаписко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со демиркаписки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.89 промили алкохол во крвта.

Исто така, пет ипол часа подоцна, на улица „Никола Минчев“ во Кавадарци, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишиле од слобода Д.Т.(50) од Кавадарци, затоа што при контрола  на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.57 промили алкохол во крвта.

-Двајцата возачи биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настаните, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.