Коки: „Во политиката нема пријатели и пријателства, туку само привремени сојузници и трајни интереси.“
Објавено: 8 септември, 2025, во 10:51 часот
Со денешните понеделнични и празничните афоризми, афористичарот Никола Бошков Коки ви го честита националниот празник 8 септември. Неговото афористичко перо за денеска ви напиша:
„Во секојдневието сите посакуваат промени, ама…без да ги менуваат навиките.“
„За да се подигне моралот кај електоратот, за некои изборни победи неопходно е потребно да се подигнат…КРЕДИТИ.“
„Кој ја контролира историјата, тој пишува учебници, а кој се обидува да ја контролира иднината, тој пишува предизборни програми.“
„Во политиката нема пријатели и пријателства, туку само привремени сојузници и трајни интереси.“
„Професионалното искуство на мојата колешка и овозможи активно да учествува во поделба на работата: На директорот започна да му ги троши парите, а на сопругот…паметот.“
„Во некои рурални средини воопшто не се чувствува прирастот на населението: Штом на свет ќе дојде ново бебе, од селото ќе побегне некој потенцијален татко.“
„Откако за луксузна роба ги прогласија кондомите и ја зголемија нивната цена, сега и сексот за многуте луѓе претставува луксуз.“
„Понекогаш во креветот е како и на спортска прогноза: Никогаш со сигурност неможете да очекувате колку погодоци ќе остварите.“
КОКИ


